Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Дерик Мичел, Претседател на Националниот демократски институт (NDI). На неа соговорниците се осврнаа на одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и NDI и се согласија дека истата треба да продолжи со забрзана динамика.

Мицкоски го информираше Мичел за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атланската агенда на Република Македонија како долгорочен стратешки интерес на нашата земја, посебно истакнувајќи ја улогата на САД како стратешки партнер во тие процеси. Ја изрази загриженоста поради застојот на тој план која пред се е поради неспособноста и некапацитетноста на владата да испорача реални резултати, информираат од најголемата опозициска партија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврнал и на некапацитетноста на власта да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Тој исто така посочил дека власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции за свои лични интереси, се поприсутни освен корупцијата се и непотизмот, матните тендери и други незаконски активности.