Нов скандал во најава. Група пратеници доставија измени на Законот за надворешни работи во делот на испраќање на дипломати во конзуларните претставништва.  Во измените има една небулоза во која се споменува и срцето на идниот дипломат кој треба да биде испратен.

Конкретно дипломатот кој ќе во дипломатското претставништво надлежно за спроведување на претседавање со меѓународна организација пожело е во идеолошка смисла срцето да му припаѓа  во соодветната меѓународна организација- стои во членот 1 став 6 од амадманот.

 

ВМРО-ДПМНЕ овие измени ќе ги оспори со 180 амадмани меѓу кои е амадманот со „срцето“ кој е обична глупост која нема врска со дипломатијата.

Од партијата за „Пресинг ТВ“ брифираат дека целата игра е за поставување на амбасадор во ОБСЕ. Ова за власта е важно бидејќи Македонија во 2023 година ќе претседава со оваа организација.

МНР сака да се осигура дека дипломатот што ќе биде испратен нема да биде повлечен со промената на власта бидејќи со „срцето“ ќе биде во конкретната меѓународна организација.