Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд Скопје поднесе обвинителен акт против еден државјанин на Република Србија, кој се товари дека се обидел да стори тешка кражба.

-Обвинетиот, кој немал регулиран престој во државава на 20 февруари годинава на паркинг простор пред еден хотел во Скопје, се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – автомобил Мерцедес, сопственост на оштетено правно лице. Тој со употреба на погодни предмети ги отворил вратите на возилото проценето на вредност од  1.875.750 денари и се обидел да го стартува. Притоа бил затекнат од три лица кои повикале полиција и  го спречиле во намерата, соопшти Јавното обвинителство.

Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице