Србија со брашно ќе ја помогне Македонија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која најави полициски час во Србија поради се полошата состојба со .

Вучиќ се пофали дека ретко која држава во ЕУ е подготвена како Србија во однос на резервите и снабденоста со храна во овие кризни периоди.

Сигурно сме лидери во регионот, па вишокот на резерви ќе ги поделиме на дел од соседните држави, пред се Република Српска, и Босна и Херцеговина, но и Македонија која побара брашно, а ние ќе одговориме позитивно на тоа, рече Вучиќ.