Лицемерието и неспособноста на владата на Заев секој ден добива уште една потврда. Додека беа во опозиција ветуваа кули и градови, а сега немаат ниту клинец заковано, рече денес Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Најдобар доказ за тоа е срамното ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции. Речиси цела година помина, а од капитални инвестиции нема ништо. После цели 10 месеци нивото на реализација е само со историски најниско, само 32%. Мораа да се покриваат со ребаланс на буџет, па да кратат средства од оваа ставка, но и покрај целата вратоломија што се случуваше тоа ниво е пак срамни 41%, истакна Арсовски.
Тој подвлече дека власта цела година нема направено ништо капитално за граѓаните, за стопанството, за економијата и оти цела година потрошиле само на матни зделки, тендери во четири очи, коруптивни грантови, криминални бизниси за лично богатење на криминалниот картел на власт и многу сомнителни зделки.
Со други зборови наместо со макроекономија тие се занимаваат со ВИЦЕкономија во која влегуваат плантажите со марихуана на братучедот на Зоран Заев, концесијата за минерални суровини на братот на Заев или пак парцелите за згради на семејните фирми и редица други скандали…Оваа влада има интерес за се освен да сработи нешто добро и паметно за својот народ. Да биде уште пожалосно Зоран Заев ги прави при очи слепи граѓаните, им ја потценува интеленцијата па им вели дека не можат да видат што капитално изградила неговата Влада. Срамно и бедно исто колку и нивото на реализацијата на капиталните инвестиции. Самиот факт што се фалат со само 1 километар локален пат и 100 канти за отпадоци во рок од една година говори дека или немаат идеја, или не знаат или пак уво не ги боли за граѓаните на Република Македонија, истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.