Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

с

Приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата е состојбата во економијата и намалената стопанска активност.

с

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 27,6% од испитаниците.

с

Најголем дел или 85,3% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на лани.

с

Над 90% од испитаниците сметаат дека цените на производите и понатаму растат. Во исто време 42,3% од испитаниците очекуваат во следните шест месеци нивниот животен стандард да се влоши, односно речиси 80% од испитаниците не очекуваат подобрувања во делот на економијата во следните 6 месеци.

с

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.