Повеќе од три месеци четворица специјализанти на Клиниката за максило-фацијална хирургија ги чекаат ветните пари. Барање за исплата имаат поднесено уште во месец март годинава, со ветување дека парите ќе им бидат префрлени во септември со колегите од стоматологија.

Изреволтирани сме од односот на министерствата, на сите субјекти бидејќи вчера бевме одбиени на најдрзок начин, додаваат специјализантите, кои веќе пет години работат на Клиниката за максило-фацијална хирургија. Зачудено прашуват, дали ваквата порака ни дава дознаење дека треба нашата иднина да ја бараме во странство?