Сите за кои има сознанија, за кои има пријави, за кои има сериозни закани и има направено проценки дека треба да бидат обезбедувани, имаат добиено обезбедување, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарското прашање дали се обезбедуваат пратениците и конкретно градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој пријавил закани по неговото семејство.

Градоначалникот Митко Јанчев има пријава дека има закани. Нивото на неговото обезбедување е патролно. МВР стои на располагање за секој еден кој има закани да обезбеди соодветно обезбедување – изјави Спасовски на заедничката прес-конференција со директорот на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски.

Министерот потсети дека и Христијан Мицковски имал закани и му се дадени служби за обезбедување како претседател на опозицијата.