Светските и европските лидери ни подадоа рака, се отворија вратите за влез во НАТО и ЕУ. Имаме историска шанса да станеме рамноправен дел од најсилните светски сојузи и да ги живееме сите придобивки како и останатите членки на ЕУ и НАТО. Ова е историска шанса за нашата генерација да обезбедиме иднина за нас и нашите поколенија,порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски од Крива Паланка.

Министерот Спасовски пред присутните зборуваше за придобивките од членството во ЕУ и НАТО, потенцирајќи ги можностите за повеќе странски и инвестиции, како и пристапот до
нови фондови и развојни линии за поддршка на стопанството, земјоделството и
инфраструктурата.