Премиерот Оливер Спасовски денеска не сакаше да ја коментира снимката што на собраниска комисија ја објави пратеникот Антонио Милошоски, за која рече дека е поврзана со случајот „Рекет“. Спасовски кусо порача дека за „Рекет“ се води постапка што треба да заврши и секој што постапувал незаконски да одговара за тоа што го направил.

– Нема да коментирам ништо повеќе од тоа што е соопштено досега и што е објавен став на Владата. Овој случај мора да се истражи до крај исто како и други случаи кои што се криминални во државата. Секој еден што незаконски постапувал ќе мора да одговара, рече Спасовски.

Според него, најважно е тоа што за случајот постапуваат институциите и тоа што постапуваат врз основа на пријава што ја доставил поранешниот премиер.

-Најаважно е да имаме одговорност. Тоа што го има во обвинителството треба самото обвинителство да го цени и врз основа на тоа да ги спроведе сите постапки, рече премиерот Спасовски