Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека е посветен на реформите во МВР. Во неговиот фокус не е вентуална кандидатура на изборите за шеф на државата.

На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата, при посетата на ГП Богородица, Спасовски одговори дека во моментот размислува исклучиво на реформите во МВР, да се подобрат условите за работа и да завршат процесите кои ќе значат напредок за Република Македонија.

Името на министерот за внатрешни работи е меѓу оние за кои се шпекулира како можни кандидати од СДСМ за претседател.