Клиннниката за токсикологија синоќа имаше полни раце работа. 24 пациенти биле примени во алкохолизирана состојба, а тројца бидејќи биле предозирани со дрога. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување. Во Ургентниот центар биле примени околу 60 пациенти за повреди здобиени главно од сообраќајни незгоди и од пиротехнички средства.

Од оние во алкохолизирана состојба, сите се пуштени на домашно лекување после третманот. Многу е намален бројот на лицата кои користеле психо-активни супстанци. Оваа година тројца во однос на многу поголемиот број изминатите години. Двајца од нив се пуштени дома, а една пациентка е задржана на обсервација на клиниката за токсикологија, изјави министерот за здравство Венко Филипче.