Мандатарот Димитар Ковачевски го соопшти составот на министри од СДСМ во идната влада. Кога ќе се погледнат имињата не може да не се забележи дека ова е „Заев 2“ влада надградена и проширена со стари истрошени кадри.
Да почнеме со ред
Каков нов кадар може да е Љупчо Николовски, човекот од доверба на Заев. Тој како шеф на изборниот штаб е директно виновен за поразот на локалните избори а се „истакна“ и во борбата против корупцијата.
„Свеж“ кадар е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За него што да се каже освен браво за умешноста да се наметне и оваа влада и покрај сите скандали. Спасовски исто така е главен виновник за поразот на неговиот пулен Оливер Илиевски и како награда доби нов мандат во МВР.
Се прашуваме како е можно по толку афери, дадени пасоши на светски криминалци, акција на ДЕА во која полицијата беше информирана пред апсењата за да не протечат информации, тој повторно да биде министер.
Но, со нешто веројатно заслужил.
Уште еден „нов“ и проверен кадар е Бојан Маричиќ. Oткако го оправи правосудството сега ќе ги оправа евроинтеграциите. Маричиќ ќе остане познат по тоа што најголемите „капиталци“ си прават влези- излези од притвор и по судењата на кои однапред се знаеше кој ќе биде ослободен а кој ќе добие „дебела“ казна затвор.
Министер остана и Благој Бочварски. Тој ќе биде запаментен по свеченото пуштање на автопатите изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и по ставањето на патарини. Да, и по продолжувањето на рокот за иградба на автопатот Кичево-Охрид.
Од останатите преживеа и Фатмир Битиќи, а Шекеринска во одбрана ќе ја замени Славјанка Петровска.
Културата ќе ја оправа пратеничката со скафандерот Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи само и по тоа е позната а за Славица Грковска која ќе се бори против корупцијата никој и не се сеќава иако е поранешна пратеничка на СДСМ.
Comments are closed for this post.