Советот на јавни обвинители утре ќе ja одржи седницата на која ќе да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева.

Почетокот на седницата е закажан за 11 часот, но поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“ која е се уште во тек, се очекува таа да биде затворена за јавноста.

Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.