Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак. Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери. Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години Вардариште е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има на секаде во околината на Скопје и самиот град. Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот. Шилегов не се грижи за зеленилото. Сведоци сме на исушени дрва и исушена трева. Граѓаните немаат доволно вода за пиење, околу 40.000 жители во Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари живеат како во среден век, велат од советничката група.

– Шилегов нема инфраструктурни проекти. Шилегов вети и не ја направи Универзална сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Кале. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари. Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на градска куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови, посочуваат тие.