Односите меѓу двете држави се одлични, и на политичко и на професионално ниво. Подготвени сме да ви помагаме на патот кон ЕУ. Со овие зборови министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Малден Маринов, го пречека во својот кабинет македонскиот колега Оливер Спасовски.
Обајцата високо ги оценија постигнатите контакти на оперативно ниво и можностите за нивно натамошно развивање. Министрите се обединија околу ставот дека трансграничниот криминал е предизвик за меѓународната соработка на органите кои ги спроведуваат законите.
Граѓаните треба да се чувствуваат безбедни и тоа во голема мера зависи од интеракцијата со соседните држави. Македонија го минува патот, што вие го поминавте, и се стреми кон своите цели – членство во ЕУ и НАТО. Искуството на Бугарија е важно и советите од пријателите ќе ни бидат од голема помош за постигнувањето на тие цели, забелеѓа Оливер Спасовски.
Comments are closed for this post.