Премиерот Зоран Заев се очекува денес да ги достави до Собранието предлозите за новите министри.
Тој завчера на прес-конференцја рече дека во петок до парламентот ќе го достави предлогот на реконструираниот кабинет.
Имињата на новите, или изротираните министри, се уште не се познати.
До официјалното доставување на имињата од страна на премиерот Зоран Заев не можеме да кажеме дали на листата ќе има и заменици министри, бидејќи премиерот се уште е во консултации со лидерите на политичките партии кои се дел од владеачкото мнозинство – изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.
Новата влада се очекува да биде изгласана на почеток од следната недела. Според најавите на Заев, тоа најверојатно би било во вторник, иако седница на Собранието е закажана и за понеделник.
Comments are closed for this post.