Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 95-та седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за централен регистар на население и за извршување на санкциите.

Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за електронско управување и електронски услуги. за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за регистрирање на готовински плаќања, за државните награди, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Претседател на Собранието Талат Џафери, информира дека согласно информацијата од претседателот на Република Северна Македонија, со која го информира Собранието дека одлучил да не ги потпишува указите за повеќе закони, Собранието овие Закони ги разгледува како закони во фаза на трето читање.

Согласно член 75 став 2 Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е обврзан да го потпише указот,  истакна Џафери.

Актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов, со указ од 3 април 2019 го информирал Собранието дека одлучил да не ги потпише законите донесени на седница одржана на 27 март 2019  година.