Владејачкото мнозинство во Собранието надвор од Закон и Устав направи уште еден во низата преседани во своето работење. Со мнозинство гласови власта насилнички и надвор од сите препораки на ЕУ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа ја продолжи кризната состојба до крајот на годината!
Проф. Гордана Силјановска-Давкова е категорична:
-Ова е рушење на уставниот поредок, вели таа и укажува на членот 31 од Законот за управување со кризи.
Членот 31 од Законот вели:
Владата донесува одлука за постоење на кризна состојба, го определува подрачјето зафатено со кризна состојба и соодветно на тоа ги активира механизмите за разрешување на кризната состојба. За донесената одлука Владата веднаш го известува Собранието и претседателот на Република Македонија.
Владата за активностите поврзани со одлуката од ставот 1 на овој член во рок од 48 часа усмено, а еднаш неделно писмено го известува Собранието и претседателот.
Владата најдоцна за 30 дена по завршувањето на активностите утврдени со одлуката од ставот 1 на овој член, изготвува и доставува писмен извештај до Собранието и претседателот.
Одлуката за постоење на кризна состојба од ставот 1 на овој член не може да трае подолго од 30 дена.
Ако кризната состојба продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.
Собранието и претседателот во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.
Минатата година продолжувањето на кризната состојба беше во рацете на претседателот на државата Стево Пендаровски. Ова, пред се, поради постоењето техничка влада и распуштеното Собрание за јулските вонредни парламентарни избори.
Сега продолжувањето на кризната состојба доаѓа во време кога пандемијата од Ковид-19 конечно стивнува, што значи дека еветуалното нејзино продолжување би можело да се сведе на месец до два. Но, очигледно е дека „видовитоста“ на Владата за натамошниот развој на настаните со пандемијата, вакцинирањето на граѓаните и стекнувањето колективен имунитет има сосема друга заднина, што се сведува само на претстојните локални избори и отворени манипулации со граѓаните, јавноста и целиот изборен процес.
Европските институции на почетокот на пандемијата беа децидни дека сите влади мораат да бидат максимално внимателни со ограничувачките мерки со цел, заштита на човековите права и слободи. Но, овие препораки очигледно не важат за Владата и парламентарното мнозинство.
Comments are closed for this post.