Не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на денешниот работен состанок по завршувањето на XII седница на Судот.

-Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа, тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата, велат од Уставниот суд