На денешната седница спикерот Талат Џафери само ќе ја констатира оставката на поранешниот премиер кој доби политички азил во Унгарија.

Оставката се констатира без изјаснување и без дискусија. На претпладневната координација во Собранието било одлучено оставката која Груевски ја испрати од Будимпешта преку нотар  да биде констатирана.

Со ова станува беспредметна првата точка од дневниот ред предлог одлуката на Комисијата за мандатот имунитетни прашања за одземање на мандатот на Груевски поради неоправдано отсуство. За одземање на мандат на пратеник се потребни најмалку 80 гласови, што беше неизвесно дали ќе се обезбедат.