На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што  во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син. Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.