Во историјата ќе остане запишано дека ова е годината во која ја прекинавме изолацијата на нашата татковина и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка во најмоќниот воено-политички сојуз, вели во новогодишното видео обраќање министреката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Зборувајќи за тоа што ја одбележало минатат година таа истакнува:

Поканата за членство во Алијансата, завршувањето на пристапните разговори за членство, поддршката од клучните светски политички авторитети, покачувањето на буџетот и на платите за припадниците на АРМ, одбранбените реформи, приемот на 375 нови професионални војници, усвојувањето и имплементацијата на значајни стратегиски документи, опремувањето на припадниците на АРМ, отвореноста кон јавноста.  Сето тоа ја одбележа 2018-тата година во одбранбениот сектор.