Град Скопје постави дигитални мерачи на брзината пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски“, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“. Целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајните незгоди, кои во последниот период во главниот град за жал се повеќе се случуваат.

Немилиот настан што се случи пред два дена на булеварот Србија , кога беа прегазени баба, дедо и внуче ги натера градските власти и „Сава осигурување“ чија донација се мерачите да преземат мерки.

Мерачи на брзина

Скопје мора да биде град безбеден за растење и спокоен за пензионирање. Безбедноста на сите наши сограѓани е наша заедничка обврска. Ги повикувам сите општествено одговорни компании кои сакаат да донираат средства во делот на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, да го направат тоа со цел час поскоро заеднички да придонесеме на улиците на Скопје да има помалку собраќајни несреќи  рече денеска градоначалникот Шилегов.