Веројатно ова е една од точките во животот кој што секој од нас присутен во оваа сала ќе ги памти и ќе ги раскажува на следните поколенија како се поставил во одредена ситуација, можеби и најбитната во животот како предизвик и оттука мораме да постапуваме онака како што разумот и срцето ни зборува колку и да е тешко, колку и да имаме лични судири во своите убедувања едноставно мораме да постапуваме така како што размислуваме, кажа денеска во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Димовски порача дека прво не сака да дозволи никој во ова Собрание и во оваа држава да пледира дека е поголем европјанин, или поголем НАТО, ПРОНАТО човек од историското ВМРО.

Обидите на СДСМ и на дел од албанските колеги да го стават ВМРО на другата страна се дневно политички, правејќи го ВМРО баба рога си ги покриваат своите слабости во испорачување на резултати, но штетно е тоа и апелирам да престане таа кампања против ВМРО. Да расчистиме иако може Владата на Република Македонија да достави ваков документ самиот факт дека во денешниот документ ги немаме Нацрт амандманите на Уставот, доволно зборува дека дури и Владата има сомнеж дека не е моментот да се објават Нацрт амандманите во нејзината целосна смисла. Фактот дека министерот за правда одбива да биде застапник на владата тука, па макар и како потписник на документот, а тоа секогаш до сега се случувало, следствено и на некои изјави кои што ги имаше министерот за правда , исто така долива гориво дека имаме сомнеж каков ќе биде текстот на Нацрт амандманите. Додека не се види текстот на Нацрт амандманите секоја дискусија можеме да е погодување или желба или интенција. Од владата да ги направи поубави, од опозицијата да ги направи понеубави. Многу е неодговорно тоа што владата уште пред референдумот а камо ли сега не го извади финалниот текст на Нацрт амандманите. На пример, владата цело време тврди дека ќе се менуваат само Преамбулата и два или три члена. Тоа не е точно. Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член. Најмалку 51 член на Уставот ќе бидат променети, изјави Димовски.

Тој кажа дека прашањето дали од уставно правен карактер тоа може со еден амандман или ќе треба 51 амандман ќе се дискутира понатака, потенцирајќи дека е невозможно е со еден амандман.