26 годишниот  Б.Ј. од с.Топлица-о.Врапчиште е мажот кој вчера загина во сообраќајната незгода на автопатот Гостивар-Тетово.

Несреќата се случила околу 22,40 часот после „Неготинска петла“, кога Б.Ј., управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Возачот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција