Скопје утрово се разбуди со снежна покривква. Токму на Бадник, снегот почна да паѓа што сигурно придонесува за подобра атмосфера пред утрешниот Божик.

Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.