По паузата во Кривичниот суд во Скопје продожи судењето за предметот „Рекет”, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа била девизен референт и благајничка во фирмите на Камчеви.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Бошковска одговори дека во декември 2018 и февруари 2019 година вадела поголема сума пари од сметките на Ана Камчева, Ратка Камчева и Кристина Камчева. Во три наврати извадила 12 милиони, и уште двапати по пет милиони денари.

Вадев поголема сума од приватната сметка на Ана Камчева и Ратка Камчева. Јас тие пари требаше да ги направам во евра – рече сведокот.

Таа кажа дека во февруари 2019 година извадила од сметките на сестрата и мајката на Камчеви, 18 и 21 милион денари.

Со обезбедување дојдов во менувачницата и ги направив во евра. Влегов од задната врата. Парите ги средивме со спецификација по апоени. И си отидов пак од задната врата – рече Бошковска.

Таа кажа дека не го видела ниту еднаш Бојан Јовановски и дека ги видела снимките од броењето на парите. Додаде дека се сеќава оти 80% од парите биле со банкноти од по 50 евра и дека спецификацијата не била по сериски броеви, туку по банкноти.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков