Два дена од избивањето на скандалот со Клиниката за онкологија молк од еден од најповиканите а тоа е поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Супер Венко“ не се симнуваше од медиумите кога беше короната.
Секој ден излегуваше на прес конференции, даваше препораки па кај дел од граѓаните дури се создаде симпатија за неговата работа.Се креираа дури и стикери „Седи дома, слушај го Венко“.
На Фејсбук дури имаше и повици секој ден во точно определено време да се излегува на тераса и да се аплаудира за работата на Филипче.
Истите „аплаудирачи“ сега се тивки и ги нема да повикаат Филипче да излезе со став за случувањата на Онкологија кои сигурно се случувале и во негово време.
Тој беше министер за здравство од 25 декември 2017 до 16 јануари 2022 кога го наследи Беким сали.Токму неговиот наследник побарал ревизија откако забежал зголемување на долгот за лековите во 2021 година кога министер беше токму Филипче.
Comments are closed for this post.