Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Траекторија“ за изградба на автопатите. Се испитуваа вештаците, но тие одбиваа да одговараат на прашањата на обвинетите правдајќи се дека еднаш веќе давале исказ во текот на претходната постапка.

Не може овие докази со неслушање на ЦД да се сметаат за изведени докази- смета адвокатот Миланов.

Вештакот Страхил Глигоров беше прашан дали од СЈО не му дал на увид документ кои овластени претсавници на Владата ја прифатиле понудата на „Синохидро“?

Немам одговор – рече вештакот.

Тој беше прашан дали имал целосен увид на договорот меѓу „Синохидро“ и ЈПДП?

Мислам да – рече Глигоров.