Во касарната „Гоце Делчев” во Скопје, денеска пристигна пратка со заштитна опрема за борба против КОВИД-19, донирана од Владата на Република Словенија.
Станува збор за 45.000 парчиња трослојни медицински маски и 100.000 парчиња маски од типот KN95, со вкупна вредност од 113.500 евра.
Словенија на тој начин одговори на барањето на Владата на Република С Македонија за меѓународна помош за контролирање на ширењето на коронавирусот упатена до ЕУ односно до Центарот за координација на итни случаи (ERCC) и обезбеди материјална помош преку Владата на Република Словенија, соопштија денеска од Амбасадата на Словенија во Скопје.
Како што стои во соопштението, ова е втора донација од Република Словенија за пријателската држава односно Словенија беше прва која во април 2020, прати помош во Македонија во вид на заштитна опрема.
Во име на Амбасадата на Република Словенија во Скопје, пратката ја предаде амбасадорот Милан Предан, а во име на Македонија пратката ја прими Зулфиќар Зејнулаи, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување, кој и се заблагодари на словенечката влада за пошта и солидарноста. Заштитната опрема на основ на предлог на Министерството за здравство, се наведува во соопштението, ќе се раздели на повеќе болници во државата.
Comments are closed for this post.