Од Основното јавно обвинителство Скопје донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот, како што соопшти ОЈО Скопје, набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 7-ми овој месец во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
Comments are closed for this post.