„Без да навлегуваме во наоѓање на чија вистина односно на чија страна е вистината, ние како Скопска епархија не прифаќаме и не можеме да поддржиме ниту насилство ниту непочитување на редот“, истакнуваат од епархијата по денешниот вербален и физички напад врз новинари за време на празнувањето на празникот Богојавление – Водици.
Од таму, истакнуваат дека жалат за немилиот настан и се сочувствуваат со лицето кое се здобило со повреди. Од Скопска епархија додаваат дека според нивното досегашно искуство, во досегашното организирање на овој настан сите чинители, меѓу кои и агенцијата за обезбедување и новинарските екипи постапувале професионално.
Замолуваме поради дејство и акт на одредено лице да не се фрла сенка врз целокупниот настан и врз сите кои најдобронамерно учествувале во неговото спроведување. Бидејќи е голем празник повикуваме на смирување на страстите и апелираме да се побуди прочка и да се побара прошка. Бидејќи тоа е во духот на празникот“, велат од Скопската епархија.
Епархијата додава дека во годините наназад е познато дека тој што ќе го фати крстот прво доаѓа кај Архиепископот и испросува благослов, му го враќа фатениот крст и потоа откако новинарските екипи ќе го снимаат тој момент, земале изјави од фаќачот на крстот.
Според Закон за јавни настани, организаторот е обврзан да има и полиција и редари и обезбедување.
Comments are closed for this post.