Откако спласна еуфоријата кај власта околу нашето официјално влегување во НАТО, обичниот граѓанин се прашува колку ќе не чини членството во Алијансата. Како што обично бива сметката доаѓа на крајот а во нашиот случај првата обврска за плаќање ќе ја имаме веќе следната година.
Преметано во прости бројки, Македонија ќе ја чини прилично многу. Само на име на членарина годишно ќе мора да плаќаме по еден милион долари годишно.
Но, тоа не е се. Она што посебно треба да не загрижува е онаа стапка на која инситира претседателот на САД, Доналд Трамп, а која да бидеме реални ретко која земја ја почитува, е одвојувањето на 2 проценти од домашниот БДП за модернизација на Армија.
Во услови на криза предизвикана од корона вирусот за Македонија ќе биде особено тешко да издвои околу 200 милиони евра за Армијата.
Да,ако се земе во предвид дека износот на БДП на Македонија последниве години се движи околу 10 милијарди евра, тогаш за потребите на македонската армија по стандардите на НАТО ќе треба да се издвојат околу 200 милиони евра.
Преведено по број на жители, членството на НАТО, секој граѓанин на Македонија прибилижно ќе го чини по 100 евра секоја година.
За споредба, нашиот буџет за одбраната за 2020 година изнесува 10 милијарди денари што е далеку од потребното ниво по стандардите на НАТО.
Во НАТО постои цивилен и воен буџет.Алијансата директно се финансира преку т.н. комен фаундинг или заедничко финансирање во претходно договорен систем, каде што државите-членки одвојуваат одреден дел од својот буџет за одбрана што се користи директно од Алијансата.
Преку овој начин на финансирање се формира буџетот на Алијансата, кој во моментов изнесува 2.270 милијарди долари.
Comments are closed for this post.