Министерството за култура ноќеска ги објави резултатите од годишнитe конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, а денес веќе има бура од реакции.

Укинати се бројни музички манифестации, а според објавеното анонимни лица и фирми ќе добијат огромни средства од буџетот за култура.

Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ биле отфрлени на конкурсот, ќе нема пари ниту за култното „Златно славејче“. Коментарите одат на адресата на Министествотото за култура затоа што парите се распределувале по етнички клуч, односно се фаворизирани албански поединци или инстутуции. Како пример се посоќува џез фестивалот во Тетово, кој се финаснира од буџетски средства, но не и Скопскиот џез фестивал кој има долга историја и се смета за еден од најквалитетните во регионот.

Резултатите од Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на дејности од областа на културата, предизвикаа бура од реакции меѓу културните работници.

И уште ова, наjдобронамерно кон Министерството за култура: Овој тендерски начин на конкурирање е сосема несоодветен, непотребен и треба да се укине. Во годишната програма издавачите не конкурираат за исти книги кои се предмет на тендерот па да се оценува кој за тие книги нуди најдобри услови, или најниска цена, како што е вообичаено кај нас. Овде се работи за издавачки програми, уредувачки профили, градени со години, кој успешно, кој помалку успешно, кој препознатливо и доследно кој…
Не ја убивајте душата на издаваштвото и творештвото!, напиша Ненад Стевовиќ, од издавачката куќа „Или-Или“ на социјалните мрежи.

За Тошо Филиповски ваквата распределба е поразителна и ги повика Премиерот и сите оние, како што вели, „ кои се декларираат дека и мислат добро на културата во Македонија, а се сега на позиција на влас, да се произнесат по резултатите од овој конкурс.“.

Изгледа до тука било со мојот оптимизам-ентузијазам и желба за пишување/архивирање и објавување на материјали кои ќе ја регистрираат/одбележат историјата на Македонската Музичка Култура….пред се УРБАНА музика…..НИТУ претходните, ниту овие имаат слух/желба/визија да сочуваат дел од Македонското културно богатство…Македонската рок култура…..конкретно …”Македонска Музичка Дискографија – винили (1963-2019)”. До тука било…….не верувам дека имам сили и понатаму да пишувам…..ќе ми треба сериозно време за да се соземам…..Очигледно дека пренаивно верувам дека доаѓањето на позиција на луѓе кои пораснале низ рок сцената или и самите свиреле во бендови…..можат да ги сфатат потребите од сочувување од исчезнување на НИВНИОТ музички
ТРУД….а ги има побајаги во структурите на власт….ама сега поинаку размислуваат изгледа…..

BY THE WAY….НАВИСТИНА очекувам некој од ОНИЕ кои се декларираат дека и мислат добро на културата во Македонија….а се сега на позиција на ВЛАСТ….да се произнесат по резултатите од овој конкурс…ЌЕ ИМААТ ЛИ ДОБЛЕСТ барем да кажат…ете, ние ја подржуваме одлуката на КОМИСИЈАТА и на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА Р. МАКЕДОНИЈА…..или пак нека се оградат….ПРЕМИЕРЕ, ги читате вие овие резултати…онака попатно? После ова ќе снемаме квалитетна култура…..а не пак да ја надградиме постоечката…, напиша Филиповски на „Фејсбук“.

Режисерката Зоја Бузалковска со писмо до Зоран Заев, даде оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството за култура.

„ДАВАМ ОСТАВКА во Советот за култура, Ваше советодавно тело, кое практично и не постои, бидејќи Вам не Ви требаат совети, Вие сè си знаете и самиот.
Премиере, имав голема до/верба во Вас. Но, вашата политика е неконсеквентна“, стои во оставката која ја објави Бузалковска на фејсбук.

Продукцијата „Авалон“ реагираше на социјалните мрежи по повод распределбата на парите од Годишната програма на Министерството за култура.

„ Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.“ , се наведува во соопштението од Авалон.

Актерот Оливер Митковски, кој е еден од четирите члена на Комисијата која што даваше препораки и мислења за распределбаа на буџетот во Министерството за култура, доставил издвоено мислење до Министерството поради несогласувања со изборот, пренесоа одредени медиуми.