Изборот на кандидатите на антикорупционерите беше направен преку најтранспарентниот процес досега.Во процесот на селекција, покрај условите за стручност, искуство и апсолутно никаква поврзаност со политички партии, кандидатите беа избрани преку јавни интервјуа, во кои покрај Комисијата за селекција, учествуваа и експерти, новинари, претставници на невладиниот сектор,нагласува Мухамед Зекири.

Новиот Закон за борба против корупцијата и судир на интереси предвидува проширени надлежности на Антикорупциската комисија, како и зајакнати механизми кои ќе им овозможат поефикасна работа.

Им даваме доверба на новите антикорупционери и очекуваме напорна и истрајна работа, без толерантност кон никого.

11 годишното криминално владеење на режимот донесе корупцијата да се прошири до невидени размери, одлучни сме во намерата да се спротивставиме на корупцијата во која било форма и Државната комисија за спречување на корупцијата од нас ја имаат целата поддршка.