Филипче и здравствените власти не знаат кај тераат. Изгубени се, а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи и своето здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека скандалозна е изјавата на Филипче дека не се потребни нови мерки бидејќи вирусот е широко распространет.
-Според нивната логика кај заболеле стотина илјади, нека заболат уште толку, само затоа што вирусот е широко распространет. Па суштината на мерките се да се спречи или намали колку што може ширењето на вирусот. Ова е безобразие и врв на неодговорноста на власта. Пред десет дена Филипче убедуваше дека мерките кои се преземени и давале резултати, а денес вели дека нема никаква контрола над пандемијата. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега кажува дека власта нема никаква стратегија и презема мерки кои никакви ефекти. Нема ни протоколи, ни план што се прави и како се прави и затоа состојбите се катастрофични. Македонија е во врвот по смртност и на дното по вакцинација во светски рамки, се наведува во соопштението на партијата.
Comments are closed for this post.