СЈО ја завршила конфискацијата од „Трансмет“, компанијата на осудениот Сеад Кочан, а истото планира да го стори со „Силекс“, но од негова сестринска фирма, по пресудите во случајот „Труст“.

Специјалното обвинителство информира дека заплената на имотот на „Трансмет“ е во вредност од 459.952.842 денари готовина и движен имот од 427.138.000 денари.

СЈО сака остатокот од вредноста за обештетување на државата да ја надополни со вредност на имотот на РИК „Силекс“.

Специјалното јавно обвинителство го чека решението од Апелацискиот суд по нивната жалба од октомври за првостепената пресуда за случајот „Труст”. Обвинителите на СЈО сметаат дека затворските казни треба да бидат поголеми и дека Законот за трговски друштва во овој случај дозволува конфискација на имот и на РИК „Силекс” од Кратово.

Според обвинението, осомничените раководителчи на двете фирми формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.