СЈО предложи и на Сашо Мијалков осомничен во „Империја“ да му се замени мерката притвор со куќен притвор. Од СЈО пред неколку часа ваквиот предлог е доставен до судот.

Сега се чека одлуката на Кривичен, по што ќе се знае дали и Мијалков ќе го напушти затвотот во Шутка.

Со одлука на Апелациониот суд ублажување на мерката доби Орце Камчев, Цветан Панделски и останатите обвинети во предметот „Империја“. Денеска им беше укинат и притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, и заменет со куќен притвор.