Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска во Виена органзира средба на премиерите на земјите од Запаен Балкан, на која ќе присуствуваат и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.

Според најавата од Кабинетот на Курц, на средбата ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на Косово, Рамуш Харадинај, на Србија, Ана Брнабиќ и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев го откажа учеството на средбата во Виена поради актуелните политички случувања во земјата.

Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан организиран од канцеларот на Австрија Себастијан Курц, а на кој Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

За време на престојот во Виена, Анѓушев ќе се обратат на 15-тиот Виенски економски форум на кој ќе се отворат теми важни за интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка.

Анѓушев ќе говори на панел дискусијата на која ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, додека министерот Бектеши на панел дискусијата на која ќе се обратат министри од владите на Романија, Словенија, Албанија и Бугарија

На собирот ќе се разговара за европската перспектива на Западниот Балкан, за регионалната соработка и за билатералните односи.

Предвидено е Хан да направи краток осврт на актуелните регионални случувања, Габриел да говори за напорите за дигитализација во регионот и за договрот за роаминг, а Курц да ги претстави плановите на Австрија за до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ, по што премиерите од западнобалканските земји ќе можат да ги изнесат своите ставови за посочените теми