Нема поминато еден цел ден од изгласување на законот за попис, а власта започна да се заканува. Граѓаните не го прифатија законот за попис и имаше бурни реакции по социјалните мрежи и коментираа дека државата нема да добие статистички туку политички попис, власта започна да се заканува на граѓаните кои нема да се попишат ќе бидат санкционирани.

Синоќа при своето гостување Апостол Симовски, директор на ДЗС се закани дека кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е предвидена казна од 5 години затвор.

Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава , ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство, нагласи Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика во емисијата „Вин вин“.

Симовски потенцираше дека ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.

Се надевам дека ќе има доволно памет во оваа држава“, рече Симовски.