Професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик, реагира во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од „Општествени науки“.

Професорката Груевска Маџоска, истакнува дека е несфатливо како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изучуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение.

Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго! – реагира Груевска Маџоска на социјалните мрежи..