Професорката Гордaна Силјановска Давкова го честиташе празникот Илинден на својот Фејсбук профил.

„Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме! Нивната жртва е аманет за сите нас. Честит Илинден!“, напиша Силјановска на Фејсбук.

Таа беше во делегацијата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното одбележување на Илинден.

Тие беа заедно со други партиски функционери во струшкото село Ташмаруништа, каде Мицкоски  имаше свое обраќање. Илинден се славеше во Крушево, Скопје, Пелинце.