Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова смета дека е дојдено време жена да застане на чело на државата.

Симбол на Македонија од секогаш е големата мајка. По тоа сме познати ние и мене ми е природно. Меѓутоа македонскиот свет, македонската политичка култура се уште страда од парохијалност, патријахалност и можеби затоа и на мојот факултет се срамам од тоа иако предавам за човекови слободи и права што значи за родова рамноправност, но еве и во државата досега не сме имале претседател жена. Мислам дека е време да имаме, појасни Силјановска Давкова.