петти ден претседателска кампања

Силјановска: Во Македонија владее селективна правда; Пендаровски: Правда мора да има во оваа држава

05.04.2019 / 8:00


Кандидатите за претседател на Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања. На петтиот ден, централниот караван на коалицијата Заедно напред ќе одржи граѓански трибини во Берово и Делчево, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен и Битола.

Синоќа професорката Гордана Силјановска одржа митинзи во Виница и Кочани од каде порача пред присутните дека во Македонија владее селективна правда.

Да се оди во ЕУ значи правна држава, а не е правна држава ако се репресираат пратеници, и се прави се да се ослободи коалициониот партнер. Од друга страна има постојан реваншизам кон неистомислениците. Видовме дека иако може да обвинат за терозирам, може да ги ослободат обвинетите. Каква е таа држава, во која на чело на телото за судски реформи е премиер, кој не е ниту правник. Тоа не е вистинска, туку селективна правда. Нивното право е политичко“, рече Силјановска Давкова.

Кандидатот поддржан од власта, Стево Пендаровски синоќа одржа трибина со граѓаните на Велес од каде порача дека правда мора да има во оваа држава.

Нам ни било пишано по трнлив пат да одиме, но ќе го изодиме. СЈО треба да продолжи и понатаму  да работи за да се почитуваат законите во државата. Нашата тенденција е токму таа, Република Северна Македонија мора да биде демократска и правна држава“, потенцира Пендаровски пред велешани.

Кампањата официјално започна во понеделникот на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал

пред 3 часа
Македонија

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

пред 17 часа
Македонија

На жолто не се поминува, ќе има казни со „Сејф сити“

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски: Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство

пред 20 часа
Македонија

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

пред 20 часа
Македонија

Томовски: СДСМ да се извинат за клеветите и измислицитe, немам никаков удел во посочената компанија

пред 20 часа
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува Конгрес: Ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“

пред 1 ден
Македонија

Стефановски: ВМРО ДПМНЕ е врежаната ДНК на секој чесен граѓанин на оваа татковина

пред 2 дена
Македонија

СДСМ пак се заканува со пуштање „бомби“

пред 2 дена
ИНТЕРВЈУ СО НАЧАЛНИКОТ НА СВР СКОПЈЕ

Топаловски: Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната со „Сејф сити“

пред 2 дена