Татковината е неразделна од нациите. Честопати се навраќам на зборовите на Бернард Шо – се може да смените, може да ја смените идеологијата, може да ја смените облеката, поведението, ама татковината никогаш, истакна Силјановска-Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вечерва на митинг во Гостивар.
Зборувајќи за важноста на претседателската функција, која според неа не е церемонијална, Силјановска-Давкова го најави нејзиниот ангажман доколку биде избрана.
Како идна претседателка на државата секогаш и секаде ќе инсистирам на компетентност. Тоа го мислам на именување на двајцата судии во Уставниот суд, во Советот за безбедност да именувам тројца врвни експерти од областа на безбедноста и да го користам инструментот обраќање пред Собранието. Тој инструмент ќе го користам почесто, а не само еднаш во годината и ќе зборувам за проблемите на граѓаните
Comments are closed for this post.