На собирот во Домот на културата „АСНОМ”  пред гостиварци се обрати  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавувајќи победа на престојните претседателски избори.

Рече дека по 5 мај ќе следуваат и вонредни парламентарни избори и го побара гласот за поддршка на кандидатката за претседател од гостиварци, посочувајќи дека имаат програма од триста страници.

 Ве молам од дното на душата, да не направиме нешто за што потоа ќе ни биде криво. Поддржете нé, дајте ни шанса да ја смениме оваа реалност во Република Македонија. Дајте ни шанса за да може ВМРО-ДПМНЕ да ја презентира досега најобемата програма и  планот за развој на државата, каде има план како да си го вратиме македонизмот. Дајте ни шанса и заеднички со останите заедници во државата да го сонуваме овој сон, рече Мицкоски.