Кандидатите за претседател на државата кои влегоа во вториот круг на претседателскит избори кој ќе се одржи на 5 мај, Гордана Сиљановска – Давкова и Стево Пендаровски, на Велики петок остварија средби со граѓани и упатија пораки за мир, толеранција, во духот на празниците.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска го посети Куманово, а потоа и село Бањица, каде со жителите разговараше за проблемите со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот.

„Го посетивме соборен храм Св. Никола во Куманово, во овие празнични денови да се обединиме, да ја почитуваме традицијата, културата и религијата.

Кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски пак, заедно со семејството го посети Марков манастир. Оттаму порача дека празниците се драгоцено време поминато со најблиските, време на сплотеност и душевен мир.

„Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации“, порача Пендаровски.

Викендов пак Сиљаноска ќе има средби со граѓаните во Кавадарци, Свети Николе и Штип, додека пак Пендаровски во Скопје и Галичник.