Можеби доаѓа времето на жените, изјави Гордана Силјановска, која со 408 гласа победи на денешното гласање на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ што се оддржува во Струга и стана кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, на претстојните претседателски избори. После соопштувањето на победникот, Силјановска се заблагодари на поддршката и рече дека можеби доаѓа времето на жените.
Да им се заблагодарам на жените кои вршеа притисок врз мене да го прифатам овој предизвик, јас сум благодарна за тоа. Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори а камо ли да се победи ако зад вас не застане силна партија.
Владеењето на правото не води во ЕУ , бидејки и Европа е во женски род , ако за ЕУ велат евробирократите дека е недовршена сифонија без Балканот, а од друга страна дека е ахилова пета, јас мислам дека треба да ги потсетиме на 9 – те позитивни извештаи кои Македонија ги имаше, ЕК даваше препорака, а Советот велеше дека проблемот е во името, епа сега нека размислат, тие се на ред да и пружат рака на Р.М. Треба да ја направиме Р. Македонија функционална држава со европски стандарди изјави Силјановска
Comments are closed for this post.