Една е нашата татковина Македонија. А, татковина не се менува. Татковината не трпи придавки не и личат. Никогаш во историјата ниту на Илинден, ниту на АСНОМ, ниту на 8-ми Септември, ниту некој се борел, ниту некој мечтаел, ниту некој сонувал, ниту некој се радувал на Северна Македонија, порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова на завршниот митинг во Штип.
Таа додаде дека не е национализам да кажете дека нешто што немало корен, не може да фати корен во срцето, ниту може да го прими умот, па ни здравиот разум. Силјановска Давкова појасни дека од срце посакува Македонија да добие датум на преговори за влез во ЕУ ама умот и вели тоа не е можно.
Не е доволно да имате договор во раце за да се влезе во ЕУ, треба да се има европски капацитети. Треба да се има европска кондиција, треба да се почитуваат европски вредности, но нив ги нема за жал. И сето тоа на власта ќе и се соопшти наскоро, истакна таа. Силјановска Давкова рече дека на 21 и на 5-ти мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи. Бидејќи крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.
Јас ве уверувам дека договорите се важни, меѓутоа со договор не може да се крши Устав, ниту договорот може да опстои ако е спротивен на она малку меѓународно задолжително право. Не договорите не се ни Библија, ни Куран, секој народ си има право на самоопределување, и македонскиот, појасни Силјановска Давкова. Правото на самоопределување на секој народ и нација е непотрошно право. Него го нема ако ги нема внатре името, знамето, химната и својот Устав. Власта се откажа од тоа ама не можат да се откажат во име на македонскиот народ. Бидејќи народот е носител на суверенитетот, а не власта, рече Сијановска.
Comments are closed for this post.